Лишен од слобода прилепчанец – возел со 3,04 промили алкохол

-На 12.11.2026 во 20:45 часот на ул.,,11 Октомври“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Ц.(55) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое А.Ц. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,04 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.