Легендата на прилепска Победа: “За клубот одлучуваат ојлевци, дојлевци, таксисти и слично”

Легендата на прилепска Победа, Николче Здравески, чие име деновиве гласно се спомнува низ чаршијата и на социјалните мрежи, како единствен кој треба да го преземе тренерското столче во клубот, вели дека не е заинтересиран, но истовремено упати гласни критики до луѓето кои одлучуваат во ФК Победа.

“Oва ви се критериуми за клуб, со реноме како ФК Победа Прилеп

-Освоена шампионска титула како фудбалер. Предадена на капитенот од рацете на тогашниот градоначалник.
-Освоен Куп на Македонија како фудбалер на Победа.
-Прогласен за најдобар спортист на град Прилеп.
-Освоена шампионска титула како шеф на Стручен штаб на Победа
-Прогласен од ФФМ за најдобар тренер во Македонија.
Како шеф на 11-Октомври освоено прво место во Втора македонска лига и влез во Прва лига.

И господо ова го пишувам не за да бидам во Победа или да ви се нудам, ако сум го сакал тоа го знам и патот и луѓето со кој треба да разговарам, но не сум заинтересиран!!!

За да не бидам погрешно сфатен. Ова сето ви го пишувам да знаете по кои критериуми се бира и тренери и раководни луѓе во клубот.

А сега за Победа одлучуваат ојлевци, дојлевци, таксисти и сл. За жал сте. И ве замолувам за мене и за прилепската јавност да одговорите по кои критериуми бирате и тренери и фудбалски работници”.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.