Легендарниот говор на Фидел Кастро: “Ние не користиме бомби и авиони, ние испраќаме доктори и во најмрачните делови на светот” (Видео)

На социјалните мрежи деновиве се прошири видео од еден легендарен говор на поранешниот претседател на Kуба, Фидел Кастро.

“Нашата земја не лансира бомби кон другите луѓе и не испраќа илјадници авиони да бомбардираат други градови. Нашата земја нема нуклеарно оружје, ниту хемиско, ниту биолошко оружје. Десетици илјади доктори и научници кои нашата земја ги има, се едуцирани да спасуваат животи. Ова е гордост на нашите доктори и нашите истражувачки центри. Десетици илјади кубански доктори даваат услуги во најдалечните и здравствени најнеразвиените места. Еднаш реков дека ние никогаш нема да извршиме изненадувачки и превентивни напади никаде во светот, но наместо тоа нашата земја ќе биде способна да испрати доктори, кои би биле потребни и во најмрачните места во светот. Доктори, а не бомби! Доктори, а не современи оружја”, вели Кастро во говорот.

И токму така, денеска Куба испраќа доктори и медицински персонал ширум светот за помош на земјите кои силно се погодени од епидемијата со коронавирусот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.