Крушево е подготвено да го одбележи роденденот на Тоше – Тоше има само ден на раѓање!

За утре, со почеток од 12:00 часот, Крушево е подготвено за одбележување на роденденот на музичката мега ѕвезда, Тоше Проески, со пригодна програма во спомен куќата „Тодор Проески“.

На овој ден ќе се одржат неколку ликовни изложби во спомен куќата „Тодор Проески“, а во официјалната програма ќе настапува „Уникат бенд“ и Сара Ристеска придружена од Габриела Аврамоска.

Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и ученици од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески ќе се обратат претседателот на Советот на општина Крушево, и директорката на спомен куќата „Тодор Проески“, а ќе биде положено и свежо цвеќе на вечното почивалиште на Тоше.

Тоше Проески на утрешниот ден би славел 39 години, а овој ден 25 јануари, за неговите фанови е опишан со една реченица: „Тоше има само ден на раѓање“.

Извор: “Радио Пела”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.