Коњарци му свртеа грб на СДСМ? Дали погубните политики се причината за тоа? (Фото)

Локалниот предизборен карван на СДСМ, предводен од кандидатот за пратеник Миле Талевски и градоначалникот Илија Јованоски, синоќа го посети населеното место Големо Коњари, кое е едно од најголемите во општина Прилеп.

Но, она што може да се забележи од објавените фотографии на социјалните мрежи, слично како и во останатите средини каде СДСМ одржува мини собири, и во Големо Коњари присутни биле само десетина луѓе.

Нереализираните ветувања, продажбата на националните интереси, партиските вработувања… биле само дел за револт кај останатите членови кои останале “извисени” од лажните ветувања.

Какви ќе бидат резултатите останува да видеме на 15-ти јули.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.