Комодо – островот каде што живеат змејови

Комодо е острвот кој е познат по своите древни жители – комодо змејовите.

Комодо е еден од 17.508 острови во Индонезија. Дел од малосундскиот архипелаг, како и Националниот парк Комодо.

Го одликува мирен пејсаж со песочни плажи, карпи и густа мангрова шума.

Иако Комодо е остров со вулканско потекло, на него нема активни вулкани, а лесните земjoтpecи се честа појава.

Дали можете да замислите средба со гуштер кој е подолг од 3 метри? Овде тоа е возможно!

Комодо змејовите се вид кој живее над 4 милиони години на овие простори.

Научниците не знаеле за овој вид се до 1912 година. Европјаните за прв пат го забележале две години порано, кога поручникот Ван Стејн од холандската колонијарна администрација слушнал “гласини” за “копнениот крокодил”, но дури во 1912 година Питер Овенс, директорот на Зоолошкиот музеј во Богор, го објавил истражувањето за овој вид.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.