Македонскиот пасош е рангиран на 44. место според индексот на Henley Passport за 2023 година, и со него без визи може да се патува во 125 земји во светот.
Од земјите во регионот, најдобро рангиран е грчкиот пасош на осмото место и со него може да се патува во 185 земји, словенечкиот е на 11 позиција (182 земји), следуваат бугарскиот и хрватскиот на 18 (174), српскиот е 38 (136), црногорскиот 45 (124). Пасошот на Босна и Херцеговина е на 49 место (118 земји), на Албанија на 51 (115), а на Косово е рангиран како 101 (41).
На врвот на листата на Henley Passport се јапонскиот, сингапурскиот, јужнокорејскиот, шпанскиот, германскиот, италијанскиот, како и пасошите на скандинавските земји. На дното, пак, се патните исправи на Сирија, Ирак и Авганистан со кои без визи може да се патува во само во двесеттина земји во светот.