КМФ Победа се подготвува за новата сезона: Повик до играчи и до сите кои сакаат да го поддржат клубот

КМФ Победа – Прилеп ги започнува подготовките за новата сезона, а од клубот упатуваат два јавни повици – до сите заинтересирани играчи кои сакаат да бидат дел од тимот, но и до компаниите, бизнисмените, пријателите и љубителите на спортот кои можат да дадат поддршка на клубот.

Клубот во сезоната 2026/2027 ќе се натпреварува во Втората футсал лига на Македонија, а во пресрет на новите предизвици ги повикува сите мотивирани играчи кои сакаат да се приклучат на тимот.

Од КМФ Победа велат дека се отворени за нови играчи подготвени за нов предизвик, тимска работа и борба за нови успеси во сезоната што претстои.

Покрај играчкиот ростер, клубот упатува повик и до прилепските компании, бизнисмени, пријатели на клубот и сите љубители на спортот кои се во можност да помогнат и да го поддржат КМФ Победа.

Поддршката може да биде финансиска, преку обезбедување опрема, услуги или на кој било друг начин со кој може да се помогне во функционирањето и развојот на клубот.

„Секое спонзорство е добредојдено. Заедно да помогнеме КМФ Победа да продолжи напред и да го претставува нашиот Прилеп“, порачуваат од клубот.

Заинтересираните играчи, како и сите кои сакаат да дознаат повеќе за можностите за поддршка и соработка, можат да се обратат преку Facebook профилот на КМФ Победа – Прилеп или на телефонскиот број 075 271 348.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.