КАТACTРОФАЛНА ОДЛУКА НА МОН: Децата нема да учат Македонски јазик, туку “мајчин” – забpaнет зборот македонски и во училиштата

Средното Општинско Училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе на ден 21.10.2019 година објавило оглас за вработување на наставник по мајчин јазик и литература, со што веќе училиштето не го користи и го забранува именувањето на предметот македонски јазик, односно предметот македонски јазик го заменува со мајчин јазик. Додека од истото училиште за другите предмети во огласот се бараат и наставници кои се соодветно именувани предметите англиски јазик и италијански јазик.

Со училиштето СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе раководи директор кој е именуван од градоначалникот на Општина Свети Николе од редовите на СДСМ, а огласот е објавен во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Свети Николе каде директорот е поставен од сегашната централна власт, а воедно беше и досегашен Претседател на ОО на СДСМ Свети Николе.

Граѓаните отворено прашуваат кој се срами и ја забранува употребата на македонскиот јазик во сопствената држава, општина и училиште? Во оваа училиште поминаа многу генерации, но оваков скандал досега се нема случено. Најмалку очекувавме негирањето на македонскиот јазик под притисок на власта да се спроведува во училиштата и меѓу младите. На што ли ги учаат сега нашите деца, отворено прашуваат загрижени родители и граѓани.

Потсетете се на времето кога мајчиниот јазик беше македонски:

Извор: “Инфомакс”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.