Како да го решите секој проблем во животот: Топ пет совети на Роман Абрамович

Рускиот милијардер Роман Абрамович верува дека голем број на нашите проблеми не настануваа како последица на настаните, неуспехот, потезите на другите луѓе, туку поради лошите ментални навики кои речиси секој човек ги има.

Ова се неговите совети:

Не носете брзи одлуки. Oваа навика може да ви го направи животот полош на два начини. Прво, ние веруваме дека знаеме што ќе се случи, па вниманието и делата ги насмеруваме на таа претпоставка. Но, голем број од тие претпоставки на крај се погрешни. Втората страна на оваа навика е тоа што веруваме дека можеме да читаме мисли и дека знаеме зошто другите луѓе така постапуваат. Повторно, погрешно.

-Без драма. Луѓето често се склони да преувеличуваат и од малите неуспеси да прават големи катастрофи. Зошто го прават тоа? Кој знае, можеби за да изгледаат и да се чувствуваат поважни? Во секој случај, тоа е деструктивно.

-Не измислувајте правила. Голем дел од оние “морам” и “неопходно е” се целосно бескорисни. Тие зборови ви носат само нервоза и се чувствувате виновни. А зошто? Следејќи ги овие имагинарни правила, вие се оптеретувате со непотребни препораки.

-Не им верувајте на емоциите. Она што го чувствувате не е секогаш она што вистина се случува. Изворот на емоциите често може да биде замор, глад, иритација, било што. Било да се чувствувате добро или лошо, тоа ништо нема да промени. Чувствата можеби се точни, но тие не се вистинити.

-Престанете да живеете во минатото. Ова е најважниот совет. Заборавете и продолжете да живеете. Нашиот бес, разочарување, несреќа и очај главно доаѓаат од минатите проблеми, навреди… Што повеќе гледате во минатите проблеми, толку повеќе лошо ќе се чувствувате.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.