И снегот тешко дека ќе го наполне езерото со вода: Ова е денешната слика од прилепското вештачко езеро (Фото)

Прилепското вештачко езеро е речиси без вода на само неколку месеци од почетокот на работите во полињата.

Во Прилеп и прилепскиот регион околу 10.000 семејства работат и егзистираат од земјоделие, а најбројни се тутунарите.

Водата од вештачката акумулација е повеќе од неопходна за овие луѓе, па затоа и нивната загриженост е голема.

Се чини дека снежните врнежи нема многу да помогнат за полнење на езерото со вода, чиј капацитет изнесува 6.000.000 m3 вода.

Прилепското Езеро е лоцирано во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп. Ваквата географска положба овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Езерото е изградено на Оревоечка Река во 1967 година и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода. Тоа зафаќа површина од 0,54 км², долго е 1,4 км., а широко 400 до 600 м. Најголемата длабочина му е 28 м.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.