Интер и понатаму купува: Ново засилување од денеска во Милано

Манчестер Јунајтед и Интер се договорија за трансферот на дефанзивецот Ешли Јанг, вреден 1,5 милиони евра, пишува „Скај Спортс“.

Се очекува Јанг да пристигне на лекарски прегледи во Милано, по што ќе биде потврдена и неговата продажба.

Претходно, Јунајтед му понуди нов договор на Јанг, што ќе го задржи на „Олд Трафорд“ уште една година, но тој го отфрли.

Јанг играше на 18 натпревари оваа сезона, но започна само на 10 од нив како носител.

Тој се приклучи на тимот во 2011 година, откако забележа вкупно 261 натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед, постигнувајќи 19 голови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.