Интервју до малиот македонски воин кој стана четирикратен светски првак: Во Германија настапува под државно знаме, а Македонија не му помогнала во ништо

13-годишниот Виктор Димовски, родум од Велес, а сега живее во Франкфурт, Германија. Пред само две години започнал да тренира кик бокс, а неодамна стана четирикратен светски првак на Светското првенство кое се одржа во Дизелдорф. Витктор ги освои сите четири први места во категориите во кои настапуваше и не направи сите горди. Своите победи ги слави со државното знаме на Македонија, како и со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш. Иако државата нема ништо направено за него, тој настапува исклучиво под црвено-жолтите македонски бои. Со него разговаравме за неговите досегашни успеси, но и идни планови, како и за условите за спортување тука кај нас и во Германија.

Во Гермнија стигнал преку неговиот татко кој патот да обезбеди подобра иднина за своето семејство го пронашол во оваа земја, а со него го зел и семејството. Првиот спорт на Виктор е каратето (шото кан техника), која ја тренирал 6 години, а со доаѓањето во Германија се вљубил во кик боксот.

На Светското првенство во Дизелдорф стигна до шампионските трофеи во категориите лаиш контакт и семи контакт до 47 и на сопствен ризик до 53 килограми. Виктор учествува во федерациите WKU WFMC MAA и плус тренира МАУ-ТАИ ММА и UFC.

Покрај успесите на Светското првенство во Дизелдорф, што друго има како успеси на полиците во твојот дом?

-На 13 јули го освоив ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ШАМПИОНСКИ ПОЈАС во кик бокс во Германија. Досега имам учествувано на ланското Светско првенство, каде освоив две трети места. Два пати освоив прво место на Интернационалниот шампионат, како и прво место и две втори места на уште неколку други првенства и турнири. Вкупно во рок од неполна една година имам освоено: еден појас, осум пехари, осум медали и 17 сертификати, а пред неколку дена четири пати го освоив првото место на Светското првенство.

Знаеме дека разликата е огромна, но еве кога поддршката во спортот е во прашање, која е разликата помеѓу Македонија и Германија?

-Pазликата помеѓу Германија и Македонија е тоа што тука се одржуваат голем број на силни и добри турнири.

На секоја фотографија и со секој освоен медал те гледаме со македонското знаме во рацете иако живееш во Германија. Дали твоите успеси ги поклонуваш на Македонија и дали нашата држава некогаш нешто направила да те придобие и да ги вредува твоите достигнувања?

-Досега немаме добиено ништо од нашата држава, а секогаш настапуваме со македонското знаме.

Кој е твојот следен предизвик, за што наредно се подготвува Виктор?

-Нареден предизвик ни е GRAND CHAMPION, како и уште едно Светско првенство да ги повториме и докажеме нашите успеси.

За крај една порака од тебе до сите млади кои се занимаваат со спорт…

-НАШАТА ПОРАКА ДО СИТЕ ШТО СЕ ЗАНИМАВААТ СО СПОРТ Е ДА ПРОДОЛЖАТ СО СПОРТОТ И ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ. УПОРНОСТА И ВОЉАТА ЗА УСПЕХ МНОГУ ЗНАЧАТ.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.