Koга ќе се спомне Прилеп, првото нешто што на секого му доаѓа на памет се Марковите Кули над градот. Освен со својата мистичност, древност и огромна историска вредност, карпестите масиви над градот кои се стари милиони години, се вистински магнет за сите авантуристи, но и за секој кој сака да го подобри своето здравје и кондиција.
На јутјуб наидовме на едно инспиративно видео кое ќе ве натера декемвриското топло време да го искорисите и да се искачите до крстот на популарното кај прилепчани Маркукуле.
Уживајте во продолжение:
Единствено е жално што светиот крст сместен на врвот од Марковите Кули веќе долг временски период не свети во вечерните часови, а надлежните не се одлучуваат да го решат тоа.