Има само 13 години и 4 дипломи: Сеуште не знае што сака да биди кога ќе порасне, а со оваа изјава ја шokирал неговата мајка (Видео)

Џек Рико од Америка има само 13 години, а за две години успеал да се стекне со четири дипломи на стручен соработник. Неодамна дипломирал на Колеџот Фулертон во Калифорнија, со што станал најмладиот студент кој го постигнал тој успех во 107 годишната историја на факултетот.

Џек Рико се стекнал со дипломи за стручен соработник по историја, човечко истражување, општествено однесување и социјални науки.

“Едноставно сакам да учам нови работи. Сакам да знам повеќе за светот и за многу различни работи кои може да се проучуваат”, изјави Рико.

Станува збор за академска програма која се практикува само во Америка и Канада. Се работи за преддипломско ниво, односно прва фаза пред средно школо, а целта е на студентите да им се пружат основни технички и академски знаења и вештини.

Претседателот на Колеџот Фулертон, Грег Шулц, наведе дека не е типично вака млад студент да ја следи наставата, па поради тоа Џек е прилично познат во кампусот.

“Тој е многу мудар за своите години и многу сум задоволен што студира на нашиот колеџ”, рече Шулц.

“Кога наполнил четири години, го прашав што сака да добие за роденден. И додека другите негови врсници од родителите бараа играчки или патување во Дизниленд, тој рече дека сака да ја види Белата куќа”, се потсети гордата мајка.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.