Илјадници прегледи, интервенции, секој позитивен исход е наш заеднички успех: Интервју со Др. Александра Гочева Јерчиќ, специјалист офтамолог

“Илјадници прегледи, интервенции и секој позитивен исход кај пациентот го сметаме за заеднички успех. Нашата филозофија на работење е дека пациентот е во нашиот фокус, а крајнат цел е задоволен пациент и успешна интервенција. Нема подобро чувство кога ќе видите кога некој ја препознава вашата стручност, знаење и емпатија. Непроценливо е. Често пациентите ни ја коментираат одличната атмосфера во Систина Офталмологија, нивното позитивно искуство кое го имале кај нас, што е многу важно за нашите пациенти со кои сме едно семејство. Систина Офталмологија е одличен тим, со исклучителна чувство на одговорност и посветеност кон секој еден пациент. И тоа навистина ме прави среќна”-истакна докторката Гочева -Јерчиќ уште на стартот на нашата средба. Во продолжение интервјуто со неа.

Како би го опишале вашиот пат во усовршување од почетоците, до тоа што сте денес, офталмолог во водечката Систина Офталмологија која има свој дијагностички центар и во Битола?

Офталмологијата ја засакав додека студирав на медицинска академија во Софија,една од најдобритр академии во регионот, па веднаш по завршувањето продолжив со специјализација на истата академија.Во текот на моето студирање и специјализација научив многу. Тоа пред се се должи на огромното искуство на професорите таму но и на совршениот спој на источно европските влијанија како што е,, ‘руската школа” и современата Западна методологија.

Самиот факт дека живеев и работев во голем град, како што е Софија ми овозможи да се сретнам со најразлични случаи. Така се стекнав со огромно искуство.

Првите неколку години откако се вратив во Македонија работев во Клиничката болница, а во 2016 година го прифатив предизвикот и станав дел од тимот на Систина Офталмологија.

Што опфаќа комплетниот офталмолошки преглед кај Вас и колку често треба да се прави?

Целта на еден ваков очен преглед е да се види целосната негова состојба. За тоа е потребно да прошириме зениците и на тој начин ќе може покрај предниот сегмент да се види и задниот сегмент на окото каде што се наоѓа центарот за јасен вид или макула, очниот нерв.  Од тоа може да се видат многу состојби и доколку е потребно да се препорача иден третман.

Како би ја процениле грижата за видот денес кај нашите жители и како да поттикнеме превентива, наместо финални ситуации кои најчесто се заради доцна посета на офталмолог?

За жал сѐ уште луѓето одат на доктор само кога имаат мака. Секојдневно работиме тоа да се промени и пациентите да доаѓаат редовно и навремено. Ние знаеме како треба да се лечат очните состојби, но за пациентот ќе биде поедноставно, многу полесно и со помала траума доколку тоа го правиме во почетната фаза кога веројатноста за компликации е многу мала. На тој начин пациентот ќе помине многу полесно и без мака за дополнително лечење покрај основната процедура.

Заштита на кожата од сонце стана неопходност, по многуте глобални кампањи. Можете да ни објасните зошто е подеднакво важна и заштитата на очите?

Изгореници на очи е болно воспаление на предниот дел на окото наречен рожница кој е ист како изгореница на кожата. Изгореницата се појавува кога сте изложени на ултравиолетово светло (UV зрачење). Може да биде предизвикано од сите видови на UV зраци. Доколу сте на море или езеро, самото сонце прави еден вид на рефлексија во водата и на самиот песок кој директно ги напаѓа очите. Самата рожница знае да се обнови во еден или два дена и вообичаено не остануваат лузни. Но, доколку изгорениците не се третираат може да се појави инфекција на окото. Затоа во летниот период која онцето е најјако препорачувам да се носат добри очила за сонце. Исто така носењето заштитна опрема додека пливате е од голема важност и исто така добро е да се извадат контакните леќи пред да влезете во вода.

Што со интензивното користење на електронски уреди во секојдневниот живот и видот?

Модерното време ги направи децата и компјутерите неразделни. Новите генерации растат со современата технологија, која секако има многу предности, но има и маани, и е штетна не само кога е во прашање психофизичкото здравје, туку може значително да го наруши и видот. Дигиталните уреди емитуваат т.н. сина светлина која може да го зголеми ризикот детето кога ќе порасне да заболи од макуларна дегенерација, т.е. за болување на дел од окото. Иритација може да се јави и од намалениот проток на солзи во окото, бидејќи детето кога гледа во екран помалку трепка, па поради тоа окото да станува посуво.  Доколку детето поминува многу часа пред компјутер, постои поголема шанса кога ќе порасне да му се појави миопија, односно кратковидост.

Затоа добро е на секои 20 минути детето да ги тргне очите од компјутерот да направи одмор и барем 6 метри да биде одалечен од нив.

Кои се најчестите аномалии поврзани со очите статистички и дали можете да направите пресек според возраста?

Диоптрија е рефракциска аномалија на окото кое што не е во можност да ја избистри сликата. Лица со диоптрија може да бидат кратковиди и далекувиди. Кратковиди сте ако јасно ги гледате предметите во непосредна близина, а сите пооддалечени предмети ви се заматени. Далекувидност е кога предметите во непосредна близина ви се матни или ви е потешко да читате. Оваа грешка после 18та година ја решаваме со најразлични методи меѓу кои најпозната е ласерската корекција на диоптрија. Особена е важна за младата популација бидејќи овозможува целосно да се ослобоат од очните помагала и да имаат јасен вид. После 45та година оваа рефракциска грешка може да се реши со имплантација на моно и мултифокални леќи. Втора аномалија е катарктата или попознато како перде што всушност е заматување на природната леќа на окото. Потоа тука мора да ја споменам дијабетичната ретинопатија како болест предизвикана од дијабетесот која нималку не е едноставна и бара наврмеено откривање и третман.

Што е она што Систина Офталмологија го нуди во современата медицина и каде сме ние во однос на светот?

Систина Офталмологија е првата очна болница во регионот која има свои дијагностични центри како што е овој тука во Битола. Опремени сме со светска апаратура со чија помош можеме да поставиме дијагноза за сите очни болести. Тимот на доктори исто така се состои од хирурзи и дијагностичари. Сите ние ги следиме најновите случувања во офтламологијата, редовно посетуваме конгреси како домашни така и странски. Бројот на пациенти секојдневно расте а со тоа можноста да се сретнеме и со се покомплексни медицински сосотојби за кои нудиме интердисциплинарен пристап.

Дијагностичкиот центар во Битола е еден од потезите на менаџментот на болницата со цел да го доближи врвното здравство во внатрешноста.

Да, заедно со другите дијагностички центри ова е дел од нашата филозофија за задоволство на пациентите преку која градиме индивидуален пристап за секој пациент, согласно неговата состојба заедно да го најдеме најдоброто решение за него. По поставувањето на дијагнозата тука во Битола, пациентот оди на операција во Скопје, но постоперативното опоравување е во близината на неговиот дом т.е. следењето на неговата сосотојба е тука во овој центар или пак некој друг центар каде што пациентот бил на првичен преглед.

И не е единствен надвор од Скопје…колку е тоа значајно за пациентите?

Многу. Затоа што пациентот му помагаме полесно да се справи со опоравокот и се тоа без повторно патување и дополнителни трошоци. Тој немора да патува повторно назад до скопје туку ситеконтроли и се што понатаму е потребно се следи од тука. Ние ја имаме целокупната историја на пациентот и знаеме како да постапиме.

Што Систина Офталмологија помести како квалитет и понуда во услугите кон пациентите генерално во Македонија, од своето формирање до денес?

Почнувајќи од експертизата на докторите, апаратурата која е неизоставна алатка во поставувањето на добра дијагноза и успешни хируршки третмани, како и целокупниот медицински персонал кој е присутен и заедно со пациентот да се создаде едно позитивно искуство кое во иднина преоѓа во лојален и задоволен пациеент. Ние со нашите пациенти сме едно големо семејство, кај нас доаѓаат и децата, и родителите и бабите и дедовците.

Како изгледа вашиот работен ден?

Ако на тоа да бидеш лекар се гледа само како на професија, одговорот би бил дека денот ми е исполнет со многу работа, пациенти, различни карактери, напор….Тогаш човек многу лесно влегува во таа матрица и секој ден изгледа како оној претходниот. Но, јас сакам да гледам на мојата професија како на повик и затоа велам дека денот ми е исполнет со различни стручни предизвици со кои се среќавам. Секоја пациент и работа со него го сметам за свој успех. Нема подобро чувство кога ќе видите кога некој ја препознава вашата стручност и знаење. Непроценливо е!

Што е она што најмногу го сакате во својата професија?

Офталмологијата е гранка во подем која постојано се развива во сите аспекти. И ние во Систина офталмологијата сме во чекор со светските трендови што ме прави особено среќна и горда. Но, сепак најголема радост ми се задоволните пациенти после успешно завршено лекување или интервенција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.