Измена во фестивалската програма на “Пивофест”

Oрганизаторите на “Пивофест” објавија дека дошло до измена на програмата за фестивалот.

Како што пишива на официјалната Фејсбук фан страна, на местото од групата “Нови фосили”, кои требаше да настапат во недела 21.07., ќе пее Даниела Мартиновиќ.

“Имаме измена во програмата за недела (21.07.2019). Поради оправдани причини членовите на групата „Нови Фосили” не се во можност да настапат на нашиот фестивал на пивото.Во истиот термин и датум со задоволство ви ја најавуваме Данијела Мартиновиќ”, напишаа организаторите.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.