Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, посочувајќи дека Јовески, применувајќи ги прагматичните аспекти и принципи на архитектонскиот цртеж, создал конструкција, додека со бојата креирал нова концептуална и амбиентална свежина.
– Мултидисциплинираната синтеза овозможува на деликатен начин да се изразат суштинските вредности на применетите дисциплини.
Со мапирањето на културно историските споменици и инкорпорирањето на прилепските пејзажни предели, Јовески создава вонвременски холограмски простор на својот роден град, конструиран и обоен од сопствените сеќавања, импресии и емоции – посочи Димеска на отворањето на изложбата.