Излезе пред 2 месеци и pyши peкорди шиpyм светот: Најновата мини серија на “Нетфликс” веќе е најгледана (Видео)

Откако се појави, луѓето не престануваат за зборуваат за новиот хит на Нетфликс. Се работи за мини серијата “Тhe Queen’s Gambit”, која стана најпопуларната мини серија што досега е снимена од оваа филмска продукција.

Серијата е емитувана во сите држави, вклучувајќи ја Русија, Хонг Конг, Франција, Тајван и Австралија, а на листата на најгледани серии се наоѓа дури во 92 земји (на прво место е во 63).

Но, големата гледаност не е единствениот индикатор за популарноста. Гугл покажува дека пребарувањето на серијата пораснало за 250%, а романот според кој истата е снимена се нашол на листата на бестселери 37 години откако е издаден.

Серијата има седум епизоди, снимена е според истоимениот роман на Валтер Тевис, а дејствието се одвива во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. Во неа е прикажан растот на фиктивната шахистка Бет Хармон, девојка посвоена од сиропиталиште во Кентаки, во светот на шахот кој дотогаш е резервиран за мажите.

Силен впечаток остава изведбата на главната глумица Анје Тејлор Џој и двобоите на шаховската табла од кои се импресионирани дури и шаховските велемајстори ширум светот.

“Тоа е најдоброто што сум го гледал во шахот”, вели францускиот шахист Антони Вириг.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.