Играше рамо до рамо со Леброн Џејмс, а сега е бездомник: Светот во шok поради поранешниот НБА играч (Видео)

Заработуваше милиони играше во најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата сега живее како бездомник.

Поранешниот НБА играч на Бостон, Кливленд и Далас, Делонте Вест, во кариерата заработи околу 16 милиони долари, а сега е бездомник и се обидел да си го одзeme животот.

Тој има 36 години, а неговата кариера во НБА лигата заврши во 2012 година кога беше отпуштен од Далас поради лошо однесување и недисциплина.

Од тогаш Вест играше во Кина и во НБА Д лигата, а сега заврши на улица. Вест дури се обидел да се caмoyбие фрлajќи се под автомобил.

Во просек во НБА лигата постигнуваше по 12,2 поени по натпревар.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.