За сите љубители на убавата староградска музика: Годишен концерт на Октетот Прилеп

Октетот Прилеп на 29 септември 2022 / четврток / од 19.30 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи годишен концерт на кој се претстави со дел од својот репертоар на убава староградска музика.

Гостин на концертот ќе биде е Сефедин Бајрамов, а влезот е слободен.

Октетот Прилеп работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“ и со години ја негува староградската песна. Досега има издадено неколку албуми.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.