За Колумбија повеќе не постои Македонија: На Македонец му рекле дека Грција е задолжена за македонски пасоши и го регистрирале како Грк

(Фејсбук статус на Никола Божиновски)

“Дечки моментално сум во Колумбија и само да ве информирам дека овде Македонија веќе не постои како држава. Во хотелот кога пробаа да ме регистрираат на официјалниот сајт на миграционо не можеа да ја најдат Македонија под ниту едно име од сите што ги имаме, од миграционо ги исконтатирале во министерството за надворешни овде и им рекле дека од сега Грција е задолжена за Македонски пасоши и мора да ме регистрираат како грк и дека Македонија не постои повеќе во системот. За ова ме известија откако ме регистрирале, не беше возможно да се смени ниту имав време да исконтактирам наша амбасада. Никогаш во животот не сум се чувствувал вака посрамен и понижен”, пишива Никола на неговиот Фејсбук профил.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.