Во организација на Кугларскиот клуб „Пелистер“, се одржа традиционалниот кугларски турнир посветен на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
На турнирот учество зедоа екипи од Битола, Прилеп и Демир Хисар, кои преку спортското надмудрување и дружење ја збогатија прославата на празникот на нашиот град.
Турнирот помина во знакот на спортскиот дух, натпреварувањето, дружењето и негувањето на долгогодишната спортска традиција на нашиот град.
Најуспешни натпреварувачи:
1 место – Влатко Трајчески
2 место – Иво Богоевски
3 место – Цане Колев
Наградите на најуспешните учесници ги додели претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.
Честитки до организаторите, учесниците и победниците!
Битола го одбележува својот ден и преку спортот, традицијата и заедништвото!






























