Започна летниот камп “Кирил Лазаров 7”: 200 деца од неколку земји ќе тренираат со врвни тренери и ќе учат ракометни вештини (ФОТО)

Петтиот ракометен камп “Кирил Лазаров 7” започна покрај Охридското Езеро во склоп на комплексот од хотелот “Аквалина”.

Од вчера пристигна првата смена која брои околу 200 деца од неколку земји, а тие ќе тренираат на четири терени и базен.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, Кирил Лазаров, во соработка со својот тим, КМГ агенцијата и голем број домашни тренери, од првиот момент присутен на кампот, со цел на младите надежи да им пренесе дел од своето непроценливо ракометно искуство и да овозможи овие денови да бидат незаборавни.

Кампот се организира во две смени и ќе трае до први јули.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.