Заев: СДСМ повеќе не е македонска партија (Видео)

СДСМ повеќе не е македонска партија и поради тоа е фаворит на изборите, смета претседателот на социјалдемократите, Зоран Заев. Тој во изјава денеска коментирајќи ги претстојните предизборни коалицирање во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12-ти април вели дека неговата партија сега е мултиетничката, како и етничкиот состав на државата.

„За прв пат ќе смогнеме сили да направиме предизборна коалиција со албански партии. Ние веќе не сме македонска политичка партија – ние сме мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, но таков ни е и етничкиот состав на државата. Сето тоа ни дава зџа право да бидеме фаворити на овие избори“, изјави Заев во Виница.

ВИДЕО: ТВ ТЕЛМА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.