Заев откри која е градоначалничката од која Коки и Кики барале пари

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека институциите водат истрага околу написите за луѓе со псевдоними Коки и Кики.

Тие според пишувањата на кои се повика Милошоски, се здружиле и изнудувале средства од актуелни и поранешни функционери и стопанственици, па оваа група изнудила 200.000 евра од поранешен градоначалник и стопанственик.

-До мене допрел глас, за тоа се пишува по медиумите со псевдоними, се зборува во внатрешноста, и јас се заинтересирав и истрагата ќе ги каже резултатите. Драго ми е што се води истрага по допрен глас, Дај боже да има докази за оваа работа. Не сакам однапред да обвинувам, но ако се случиле вакви работи ќе има одговорност за кој и да е. Законот важи за сите“, рече Заев на седницата.

Милошоски, дополнително праша дали Заев знае кое е второто лице со псевдоним Кики за кое се зборува дека е функционер на СДСМ и дека заедно со Коки барале бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра од една од петте градоначалнички на СДСМ.

Немам намера да лустрирам претходно луѓе, но се знае за која градоначалничка се работи. Се работи за случај од пред една година. Се барало локација за старски дом, се баралао урбанизација на локација, но надлежноста е на Советот, а Битола нема намера да прави измена на Генералниот план, си има истрага“, рече Заев.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.