Заев: ” И јас сум обичен човек и јас имам чувства”

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што до него ја достави министерот Венко Филипче.

-Тоа ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката. Впрочем, како што соопштив во соопштението кое го објавив во саботата, рече Заев по отворањето на МЕФ и дополни дека се уште нема информации од истрагата.

Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема тpaгедиja.

-Тешко ни е на сите, на цел народ за големата загуба, се случи страшна тpaгедиja, најтешко им е на семејствата, но и на мене. Јас сум само обичен човек, и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата.

– Прво, трагедии се случуваат насекаде во светот. И како што реков, во соопштението до јавноста, го разбирам високиот морален чин од страна на министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на болницата, како чин којшто е пред се од човечка причина, чин којшто пред се од етички, од морален аспекти и еве тие ја доставија оставката. Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка заради ова, рече Заев по отворањето на МЕФ.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.