Завршија 31-вите Мариовско – мегленски средби

Градоначалникот Марјан Ристески и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли го означија стартот на четвртата по ред велосипедска тура и ги отворија 31-те по ред Мариовско – Мегленските средби.
Покрај велосипедска тура чиј старт беше од селото Манастир, оваа година имаше и планинско трчање, планинарење и аеробик со цел да се задоволат потребите на околу 700– тината учесници од Балканот и пошироко.
Велосипедскиот настан се одржува со поддршка на Локалната самоуправа, а придобивките се веќе препознаени и од страна на Владата на РМ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за истиот да биде дел од националната програма.
Реализицијата на ваков вит на манифестации го прави овој предел интересен за туристите.
На 31-те Мариовско – Мегленски средби кои се одржаа пред дворот на манастирот Св.Илија во с.Витолиште присуствуваа повеќе граѓани од Прилеп и Македонија, локалното население, како и учесници со богата културно-уметничката програма.
Со овие традиционални средби се негува фолклорно и културното наследство на регионите..
Она што е особено значајно за организацијата на вакви манифестации е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион како вонреден потенцијал со придобивките кои ги нуди чистата животна средина.

« 1 на 2 »





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.