Завери кои кружат во Британија: Kој му е вистинскиот татко на Хари и каква политичка игра се крие зад бракот со Меган

Британското кралско семејство отсекогаш било во центарот на внимание на светската јавност, без разлика на тоа што се случувало со нив. Сепак овие денови сите очи се насочени кон Бакингемската палата. И покрај официјалните и проверени вести, има и доста нагаѓања и теории на заговор. Ова се некои од теориите кои се однесуваат на британското кралско семејство.

1. Рептилска раса

Поранешниот водител на „Би-Би-Си“, Дејвид Ајк е познат во пошироката јавност како теоретичар на заговор, а една од неговите најпознати теории се однесува на кралското семејство. Ајк тврди дека кралското семејство се Илуминатите и дека нивната моќ се должи, затоа што нивен предок се спарил со рептилски вонземјанин.

2. Чарлс и Дајана имале ќерка Сара

Дајана признала дека морала да посети гинеколог пред да се омажи за принцот Чарлс, за да провери дали може да раѓа, но некои луѓе, нејзината посета ја протолкувале поинаку.

„Глоуб“ објавил текст од 2014 година, тврдејќи дека за време на прегледот, докторот и земал на Дајана јајце клетка за да спроведе вонтелесно оплодување. Но, друг доктор го украл ембрионот, кој го несла потоа неговата сопруга. На крајот се родило кралското бебе Сара. Сара се родила непосредно веднаш по кралската венчавка во 1981 година.

Сара се родила и пред Вилијам, но сето тоа кралското семејство го држело во тајност. Тогаш се објавени некои фотографии од Сара, на кои можело да се види сличноста со принцезата Дајана. Се чини дека целата приказна е заснована на романот Ненси Рајан, кој имал слична приказна за измислената изгубена ќерка Оливија.

3. Кралското семејство ја убила Дајана

Откако Дајана и Чарлс се развеле и пред принцот повторно да се ожени, Дајана напишала писмо во кое објаснила дека нејзиниот живот е доведен во опасност. Таа напишала дека некој планира да и ги расипе кочниците на автомобилот, за да доживее несреќа, се со цел Чарлс да може повторно да се ожени.
И покрај сомнежите на Дајана, доказите недвосмислено покажуваат дека за време на несреќата во Париз во која принцезата загинала, возачот бил пијан и дека тоа било резултат на сообраќајката.

4. Дајана имала и трета бременост

Египетскиот бизнисмен Мохамед ал Фајед, таткото на момчето на Дајана, ги раширил гласините дека принцезата била бремена со неговиот син, а дека принцот Филип не можел да го поднесе фактот дека неговиот внук ќе има египетски муслиман за татко. Но, за време на аутопсијата, не се откриени никакви докази дека Дајана била трудна.

5. Кејт Мидлтон најмила сурогат мајка

Откако Кејт Мидлтон ја родила принцезата Шарлот, се рашириле гласини дека таа всушност никогаш не родила дете. Некои тврделе дека стомакот не и бил доволно голем колку што треба да биде по породувањето, додека други тврделе дека кај неа го нема оној посебен мајчински поглед кој го има секоја мајка.

6. Принцот Хари не е син на Чарлс

Со години голем број луѓе се сомневале дека принцот Хари е син на Џејмс Хјуит, човекот кој имал афера со принцезата Дајана. Иако некои велат дека аферата не почнала пред да се породи Хари, драматургот Џон Конвај тврди дека Хјуит признал дека врската ја почнале 18 месеци пред раѓањето на Хари. Конвај напишал претстава, по прашањето за татковството, која премиерно е прикажана во 2014 година.

7. Меган Маркл е политички заговор

Една теорија тврди дека бракот на Меган Маркл и принцот Хари е политички гамбит, со кој на Велика Британија ќе и се овозможи повторно да ги превземе САД. Бидејќи децата на принцот Хари ќе бидат Американци, како и Британци, човекот ќе може еден ден да стане и претседател и крал.

„Тие ја сакаат Америка назад, а на овој начин тоа и ќе го изведат“, е наведено во твитот за кој дури и „Тајм“ известувал.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.