Жешко и запурно време до 38 степени и УВ индекс 9

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во Прилеп температурата ќе се искачи до 31 степен.

До среда ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.