Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави најновата ранкинг листа по завршеното 29.Светско ракометно првенство.
За пласманот на оваа листа се земаат во предвид резултатите од последните четири години што подразбира две европски и две светски првенство, па така Македонија се најде на 19. место со 27.75 бода или поточно веднаш зад Србија (29 бода) и пред Италија (23) која ја заоркужува првата дваесетка.
На врвот сосема очекувано е Данска со 112 поени пред Франција со 105 и Германија со 82.
И кај дамите сме 19. европска сила со 23 поени. На оваа листа водечка е Норвешка со 115 бода пред Франција, Данска, Шведска, Холандија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Шпанија и Словенија која ја комплетира најдобрата десетка.