ЕХФ го објави конечниот пласман на Европското првенство: Македонија рамо до рамо со Франција

Вчера заврши главната рунда на Европското ракометно првенство по која познати се четирите репрезентации кои ќе играат во полуфиналето, како и двете селекции кои ќе се борат за 5.место на турнирот.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално го објави пласманот на репрезентациите од 7-то до 24-то место на континенталниот собир на најдобрите. Потврден е конечниот ранкинг на Македонија на 15.место, откако освоивме само два бода или една победа, а имавме и гол-разлика од -2. Нашата селекција се најде зад Франција, која исто така оствари само една победа на турнирот, но е подобро пласирана поради подобрата гол-разлика од +3.

Историски гледано ова е најлошиот ранкинг на Македонија на едно Европско првенство. Иако на првото учество на ЕП во 1998 година бевме последни, тогаш учествуваа само 12 репрезентации.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.