Европски гигант нуди 20 милиони евра за македонското момче

Продолжуваат шпекулациите кои го поврзуваат Елиф Елмас со заминување од Фенербахче и трансфер во голем европски клуб. Турците сега тврдат дека Тотенхем нуди фантастични 20 милиони евра за да го добие Елмас.

Фенербахче се наоѓа во незавидна ситуација, игра лоша сезона и има големи долгови. Поради тоа ќе треба да се ослободи од дел од своите најдобри фудбалери.

Елиф Елмас веројатно има највисока цена од актуелниот состав на Фенербахче, па голема веројатност е тој да биде продаден за најголемата сума која ќе пристигне на адреса на турскиот клуб.

Досега повеќе гиганти се поврзуваа со Елмас, кој имаше посебно импресивен настап за македонската репрезентација против Летонија кога даде два гола.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.