Еве што му пишал Стојан Андов како стар “манга” на БЦ во 2006 година

Во врска со вчерашната изјава од кабинетот на претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека „Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател“.

-Сакам да ја известам јавноста но и претседателот г-н Стево Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран претседател на собранието на РМ и била прекината седницата да претседавачот го известува претседателот на државата дека е констутирано собранието. Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на 5-ти парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година тогашниот претседавач со конститутивната седница г-н Стојан Андов ја прекина конститутувната седница после третата точка без да се изврши избор на претседател на собранието на РМ бидејќи немаше предлог за претседател на собранието на РМ и ја одложи седницата но истовремено на ден 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како претседавач а не како претседател на собранието на РМ го известува претседателот на РМ дека е конститутирано собранието иако не беше избран претседател на собранието на РМ и врз основа на тој допис од претседавачот г-н Стојан Андов тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатор (за ова нека си проверат во архивата на претседателот на државата и во архивата на собранието). Но, за среќа тогашниот претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време, вели Вељановски.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.