Еве како изгледа кога “Комуналец” две недели нема да ви го собере ѓубрето, а вие редовно плаќате сметки (ФОТО)

Локација ул. “Кузман Шапкарев” или ул. “Козара” по старо кај зградите. Две недели неисчистен отпад, а сметки си стасуваат и граѓаните си плаќаат.

Oва е вака постојано велат жителите од околните згради.

“Ќе дојдат ќе го соберат ѓубрето еднаш на две недели, а после пак по старо. Децата ќе ни се заразат, ќе зовриеме од глувци….”, стои во дописот до нашата редакција.

Што се случува со комуналните служби во Прилеп, град кој важеше како пример за чистота во цела држава? Дали во 21 век стасавме постојано да зборуваме и апелираме за неисчистени јавни површини, неискосена трева, ненавремено одлагање на отпадот….?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.