Дупла ракометна круна за основците од ООУ “Климент Охридски”

Голем спортски успех за ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп. Машката и женската ракометна екипа на училиштето го освоија првото место на денешниот општински натпревар во ракомет меѓу основните училишта.

Младите ракометари и ракометарки прикажаа одлична игра, борбеност и вистински тимски дух, крунисувајќи го својот настап со двоен победнички успех.

Од училиштето упатија честитки до сите ученици за постигнатиот резултат, како и до нивниот ментор за посветеноста и подготовките што придонесоа за овој успех.

Уште една потврда дека во прилепските училишта растат млади спортски таленти кои знаат како се бранат боите на своето училиште!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.