Докторите во Србија демонстративно ја напуштија прес конференцијата: “Ни се заканува италијанско сценарио, што уште ви е потребно за да останете дома?”

Во палата Србија во 15ч. започна прес конференцијата з амедиуми на која се соопштени најновите податоци за бројот на заразени од коронавирусот во Србија. Но, конференцијата траеше само неколку минути затоа што докторите веднаш ја напуштија конференцијата.

“Денес е најлошиот ден во Србија, имаме 7 мртви и 115 заразени, вкупно 23 смртни случаи предизвикани од Коронавирусот. Најлош ден за Србија, а се плашам дека ќе биде уште полошо во иднина, не чекаат многу тешки денови.Ова е резултат на непочитување на препораките , мерките кои ги дававме, молевме постојано. Ако продолжат граѓаните вака неодговорно да се однесуваат и кон себе и кон другите, нас не очекува сценариото на Италија и Шпанија. Воопшто никој не ја сваќа сериозноста на оваа област, и понатаму се однесувааме неодговорно, се дружиме, не се почитуваат мерките за дистанцирање, самоизолација. Ако продолжиме атка, не постои здравствен систем кој може да компензира волкав број на заболени. Тоа е се што имам да ви кажам- изјави главниот доктор Стевановиќ и веднаш ја напуштија конференцијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.