Дождот не престанува да паѓа: До утрово во Прилеп наврнале 37 литри на метар квадратен

Во изминатите 24 часa, до 8 часот утрово, 37 л/м2 се измерени во Прилеп, 27 л/м2 во Тополчани и Крушево.

Што се однесува до прилeпското поле, според информациите од метеролозите, наврнале 48 литри дожд на м2 во изминатите 24 часа.

Според меторолозите врнежите ќе продолжат до сабота, со ист интензитет, но со намален во попладневните часови.

Инаку, најмногу дожд во Македонија наврнало во Демир Капија 59 л/м2/, Охpид и Скопје.

Дождот кој непрестанато паѓа, синоќа создаде поплавени улици во Прилеп, а дел од шахтите изгледаа како фонтани.

Максималната температура се движи во интервал од 23 до 29 степени.

За денеска УХМР најавува и во текот на денот, како и во текот на ноќта повторно да наврне поголема количина на воден талог, на места и над 35 литри на квадратен метар.

Извор: “Радио Пела”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.