Доделени дипломи на учесниците во јавната програма за образование на возрасни

Во организација на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, Центарот за образование на возрасните – Скопје и во координација со локалната самоуправа, денеска со пригодна свеченост беа доделени 60 дипломи на лица за дооформување на средно стручно четиригодишно образование за возрасни. СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, ова е втор пат како е избрано како спроведувач на јавни програми за образование на возрасни.

_mg_9389

„Првиот пат обучивме 100 кандидати, а овој пат 150 кандидати и тоа по 50 кандидати од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Нашето училиште првиот пат беше едно од четирите училишта во РМ кои даваа вакви услуги т.е. обуки на возрасни, за да вториот пат програмата се рашири и има повеќе училишта даватели на вакви обуки за возрасни“ посочи Влатко Бутлески професор по стручни предмети во СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп.

_mg_9393 _mg_9356 _mg_9357 _mg_9366 _mg_9370 _mg_9374
Градоначалникот Ристески ги поздрави присутните и програмата, посакувајки им на учесниците соодветно користење на стекнатата диплома.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.