Добил дpжавна пoмoш за вpaботените, а со пapите си купил Ламбypгини

Давид Хинес од Мајами, САД е обвинет за измама. Тој со средствата добиени како помош од државата во рамките на програмата за спас на работните места поради Koвид-19,си купил скап спортски автомобил, пренесува НБЦ.

Овој 29- годишен Американец преку апликација во име на разни компании побарал и добил од државата 13,5 милиони долари субвенции за исплата на плати на своите вработени како и за спас на работните места.

Во пријавите навел дека води четири фирми со 70 вработени и дека месечно за плата му се потребни 4 милиони долари.

Според обвинителството неколку дена откако Хинес ги добил бараните 13, 5 милиони долари, тој си купил нов скапоцен автомобил Ламборџини Хуракан вреден 318000 долари.

Исто така следните недели бизнисменот измамник на вработените не им ги исплатил неделните заработки, туку со парите од државната помош уживал во луксузни одмаралишта во мајами, но си купувал и скапа гардероба и накит.

Во моментот на апсење на Хинес му останале уште 3,4 милиони долари од државната помош. Ако 29 годишниот бизнисмен биде осуден по сите обвиненија може да добие казна затвор во траење од 70 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.