Додека управата на нашиот храм упорно се труди да ги разубави, некој упорно се труди да го нагрди храмот и дворот околу него. Додека вработените при храмот садат цвеќиња за облагородување на дворот, некој ги корне и крши – пишуваат од храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп
Од црквата додаваат дека нареден пат ќе ги објават сторителите.
-Еве стигнавме дотаму да бидат откорнати и украдени пресно насадени цвеќиња. Најинтересно е што вредноста на овие цвеќиња не надминува 300 денари. Ете дотука стигнавме! Сите прилепчани се обидуваат да придонесат нешто во полза на храмот, а неколкумина ја погазуваат нивната несебичност.
Срамота! Во иднина, ако некому од овие што крадат цвеќиња имаат потреба од цвеќиња, слободно нека кажат какви цвеќиња сакаат, и која боја, пред да ги насадиме и ќе им ги подариме.
Ги поздравуваме “љубителите” на цвеќиња, дека иако моментално не ги виделе камерите, сепак нека знаат дека Бог ги гледа, а за многу кратко време, од само неколку дена, и камерите ќе ги гледаат, а тогаш управата на храмот воопшто нема да се двоуми јавно да ги објави па да бидат видени од целата прилепска јавност и пошироко – стои во објавата на храмот Св. Петка.