Дечките од младинската организација при СОУ „Р.Р. Ричко” за „Неделата на детето“ ja разубавија градинката “Мирче Ацев” (Видео)

Членовите од Младинската организација при СОУ „Ристе Ристески – Ричко”, а воедно и ученици од графичката струка на 03.10.2019 беа во градинката Наша иднина „Мирче Ацев” и по повод „Недела на детето” со помош од вработените нацртаа повеќе детски игри.

„На површина поголема од 50 метри беа нацртани детски игри кои децата од градинката ќе можат да ги користат во нивното слободно време. Игрите беа од типот како: куцкамен, следење на линии, пикадо во скок и слично. Овие игри на децата од градинката можат да им помогнат и во подобрување на нивните математички знаења, поради тоа што повеќето од игрите имаат броеви кои треба да ги следат“, велат од Младинската организација при СОУ „Ристе Ристески – Ричко”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.