Денecка се празнува Св. Марија Магдалена: Се верува дека на сите жени ќе им се исполни само една желба, доколку го направат ова

Според православниот календар денеска е Св. мироносица Марија Магдалeна.

Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалена). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

Блага Марија, според народното верување е сестра на Свети Илија. Празникот посветен на Благата Марија многу е почитуван меѓу луѓето, посебно меѓу жените.

Спаѓа во неподвижни празници и иако не е обележан со црвено во црковниот календар, овој ден не треба да се работи, ниту дома, ниту на поле.

Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.