Албумите со фотографии секогаш ни будат спомени и не потсетуваат на одреден период во животот.
Некои од нив не враќаат на детството, на моменти кога сме биле успешни, кога сме биле среќни и насмеани. Или пак некои од нив не потсетуваат на време поминати со одредени драги личноси.
Македонската пејачка, актерка, водителка со белградска адреса на живеење очигледно дека пребарувала по своите спомени, па се потсети на време кога била во цутот на младоста.
Имено, Тијана Дапчевиќ на социјалните мрежи објави фотографија во народна носија и покажа како изгледаше како девојче. Може да забележите дека малата Дапчевиќ имала црна коса, а еве колку се променила оттогаш.
Тијана, денес важи за еден од најдобрите вокали во Македонија и регионот. По успехот со „Ресет“, неодамна ја препеа на српски јазик песната „Километри“ на Влатко Лозановски.
Исто така се покажа и како одлична актерка, а последниот период ја играше улога на Ула во „Прспав“.
Дапчевиќ се докажа и во улога на водителка на својата емисија „Вечер со Тијана“ каде што успеа да донесе гости од македонската и регионалната музичка сцена.
На приватен план, Тијана е во повеќегодишен брак со Милан Дапчевиќ, а заедно го имаат синот Вук.