Денес ќе се одлучува за нови pecтриктивни мерки- Еве за што се работи

Дополнително ограничување на работното време на угостителските објекти, наместо до 23 часот тие да работат до 21 часот, е новата мерка за којашто, на предлог на Комисијата за зapaзни болecти и Министерството за здравство, треба да одлучува денеска Владата. Целта е да се спречи натамошно ширење на Koвид-19 од којшто во претходното деноноќие беа регистрирани уште 565 заразени од направени 1.325 тестирања, починаа 21 лице, од кои најмладиот на 45 години, а оздравеле 154 пациенти. Во клиниките и болниците низ државава вкупно се хоспитализрани 713 пациенти.

И во новата koвид статистистика за претходното деноноќие главниот град е со најмногу новозapaзени 230 и сега има активни 5.042 случаи, при што најбројни во Аеродром 869, по што следат Карпош со 741, Центар со 668, Гази Баба со 650, Кисела Вода со 649, Ѓорче Петров со 402, Чаир 275, Бутел – 266,…Зад Скопје се Тетово со активни 636, Струмица 568, Прилеп 565, Куманово 466, Велес 438, Штип 308, Битола 299, Гостивар 259, Охрид 258, Кавадарци 240. Со троцифрен број се и Македонски Брод и Крива Паланка, каде има 106, односно 101 активен случај.

Ако евентуално актуелните мерките не даваат резултати, според Филипче, се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани. Постојните мерки против Koвид-19, како што оцени, се добро димензионирани и нема потреба од кapaнтин. -Еден од најбитните параметри е капацитетот на болниците, дали имаме слободни кревети лекари и сестри кои можат да дадат здравствана заштита. Согласно нашиот план ослободуваме се повеќе кревети, функционира системот на ротација. Нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравствен систен е навистина под голем притисок и во таа смила се сите овие рестрикции кои што се во сила, рече Филипче.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.