Денес се празнува Светиот великомаченик Прокопиј

Роден е во Јерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво му беше Неаниј. По смр тта на таткото, мајката го воспита синот сосема во духот на римското идолопоклонство. Кога Неаниј порасна, го виде еднаш царот Диоклецијан и толку го засака, што го зеде кај себе во дворецот на војничка служба. А кога овој зл очестив цар почна да ги гони христијаните, го одреди Неаниј да оди со еден одред војска во Александрија за во неа да ги сотре христијаните.

По патот на Неаниј му се случи нешто слично како на Павле. Во третиот час од ноќта стана голем земјотрес, при што му се јави Господ и се слушна глас: „Неаниј, каде одиш и на кого стануваш?“ Во голем стpaв Неаниј запраша: „Кој си ти, Господи? Не можам да те познаам.“ Во тој миг во воздухот се јави пресветол кpcт, како од кристал, и од kpстот дојде глас: „Јас Сум Исус, pacпнатиот Син Божји“.

И уште Господ му рече: „Со знакот што го виде победувај ги непријателите свои и мирот Мој ќе биде со тебе.“ Тој настан потполно го смени и го преврте животот на војводата Неаниј. Тој даде да му се направи онаков kpст и место да појде против христијаните тргна на Агарјаните коишто тогаш удираа на Јерусалим. Како победник влезе во Јерусалим и ѝ објави на мајка си дека е христијанин.

Изведен пред судијата ги симна и ги фрли од себе појасот и мечот војводски за да покаже дека е војник само на Царот Христос. После големи мачења беше фр лен во з атвор, а таму повторно му се јави Христос и го крсти и му го даде името Прокопиј. Еден ден му дојдоа на зат ворскиот прозорец дванаесет жени и му рекоа: „И ние сме слугинки Христови.“ Обвинети за ова, беа фр лени во истиот за твор, па свети Прокопиј ги поучуваше во верата Христова, а особено за да го примат венецот на мач еништвото.

Затоа во чинот на брачното венчавање, покрај боговенчаниот цар Константин и царицата Елена, се спомнува и свети Прокопиј. Оние дванаесет жени потоа беа подложени на страшни маки. Гледајќи ја нивната храброст и маките што ги трпат, мајката на свети Прокопиј и самата поверува во Христа, па сите тринаесет беа пог уб ени заедно. Кога беше изведен на губи лиштето, светителот ги подигна рацете кон исток и Му се пом оли на Бога за сите бед ни и нев олни, сир омашни и вд овици, а особено за Светата Црква, да порасне и да се спростре насекаде и Православието да свети до кончанието на светот. И од небото му беше јавено дека молитвата му е усл ишена. Потоа радосно ја положи главата под ме чот и појде кај својот Господ. Свети Прокопиј пост рада чесно во Кесарија Палестинска, на 8 јули 303 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.