Девојките од Прилеп ќе се борат за бронза против Гркинките во Шангај

Добри вести доаѓаат од Шангај, каде деновиве престојуваат трите девојки од Прилеп, кои се натпреваруваат во Карате 1 лигата Сериа А.

Близначките Маријана и Мишела Димоски и Кириана Камческа во недела ќе се борат за бронза против тимот на Грција.

Девојките постигнаа значајна победа против Италија во полуфиналето, а загубија од Шпанија за финале со многу тесен резултат од 3:2.

Трите прилепчанки кои настапуваат за репрезентацијата на Австралија имаат одлична можност да стигнат до нов голем успех на светска сцена и одново да се искачат на пиедесталот на едно вакво големо натпреварување.

Девојки ви посакуваме среќа и веруваме во вас!


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.