Две негувателки во прилепска градинка се позитивни на Koвид-19: Триесет деца во изолација

Нема проблеми во шесте прилепски детски градинки и здравствената состојба е стабилна. Нема ниту едно дете заболено.

Според Орце Тодороски, директор на прилепските детски градинки „Наша иднина“, иако две негувателки се позитивни на кopoна-виpycот и поради тоа две групи со вкупно 30 деца остануваат во изолација, нема позитивни случаи меѓу децата.

– Имаме позитивна негователка на група од две до три години. Групата со 21 дете се во изолација. Позитивна на кopoна виpycoт е уште една негувателка, во група од 3 до 6 години со девет деца во групата. Што е најважно – нема ниту едно дете заболено. Двете негувателки со двете групи се во изолација и по 15-ина дена ќе биде во ред, вели Тодороски.

Солидни 88 отсто од 186-те вработени се вakцинирани. Во шесте градинки, според протоколите се сместени 618 деца, но интересот кај родителите е голем. Дури 370 деца се на листата за сместување во градинките.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.