Дали омилениот прилепски доктор Јовчески, ќе го “гипсира” искршениот Прилеп од ортопедот Јованоски?

Се погласни се шпекулациите за тоа кои би биле кандидати на власта и опозицијата за локалните избори во октомври.

Иако најавија дека ќе ги соопштат своите фаворити во јуни, сепак извори блиски до двата табори шпекулираат со две имиња кај СДСМ и едно име кај ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е во исклучително тешка состојба, бидејќи актуелниот градоначалник според последното истражување на МЦМС има рејтинг 1.1%, а тоа е веќе и под статистичка грешка.

Големиот број индикации за кpиминал на секое поле, крахот на јавните претпријатија, малкуте реализирани проекти и многуте лажни ветувања, не му одат во прилог на Јованоски.

Секако тука е и теретот од енормно поскапената вода и огромната бројка невработени во Прилеп. Но, сепак огромни се шансите повторно да ја добие довербата од досега најслабиот сосотав на ЦО, според сите мислења на разочараните членови на СДСМ.

Неговото некандидирање ќе биде ЈАСЕН СИГНАЛ ДЕКА НИШТО НЕ СРАБОТИЛЕ, ГО УНИШТИЛЕ ПРИЛЕП и бело знаме пред изборите.

Вториот кандидат со кој се шпекулира е Горан Сугарески, “ветеран” во политиката, како што велат постар и од Шекеринска.

Бил на многу позиции, но за Прилеп не направил ништо како што велат сопартијците. Во прилог не му оди и “сумливата” екипа околу него, која од еден истакнат член од основачите на СДСМ, беше наречена “злocтopничко здружение”. Големиот терет на Сугарески му дава минимални шанси да биде кандидат.

Кај опозицијата се погласно се шпекулира со името на “омилениот” прилепчанец, Борче Јовчески. Се истакнува дека е човек кој нема каде не помогнал, родољуб, локалпатриот…. кој жестоко ги бранел интересите на прилепчани и во општинскиот совет. Според доброупатените аналитичари, Борче Јовчески би го “спакувал” убедливо кандидатот на СДСМ во Прилеп.

Што ќе се случи и дали овие информации ќе се преточат во реалност, останува да видиме во периодот кој следи.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.