“Дали Миле побара затвop за својот градоначалник и неговите кадри функционери?”

Претседателот на ОО СДСМ Прилеп и кандидат за пратеник, Миле Талевски, вчера пред Основниот cyд го повтори изборното ветувње на СДСМ и Зоран Заев од 2016 година за ветинг во cyдството и обвинителството.

На тоа реагираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде велат:

“Смешни и трагични се секојдневните прес конференции на Општинската организација на СДСМ и нивниот кандидат за пратеник, Миле Талевски, на кои деновиве ги повторуваат буквално истите ветувања кои ги даваа и пред 4 години.

Талевски денеска застана пред Основниот суд во Прилеп каде само во изминатите 2 месеци се поднесени 3 кривични пријави за директори од неговата партија, кои патем се осомничени за тежок криминал и злоупотреба на службената положба и овластување.

По примерот на неговиот ментор Зоран Заев, Талевски ветува ветинг на судството и проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ветува право и правда, а целата јавност беше сведок на “трас-трус” судството на Заев и како тој нарачувал пресуди и се пресметувал со своите неистомисленици.

Сите се виновни, само Заев е невин и најдобар! Ете така размислува и Талевски кој секојдневно повторува се’ што ќе му сервираат од централниот штаб.

Го прашуваме Талевски, дали ќе побара истото тоа судство и обвинителство пред кое стои, да ги забрза и истражи сите сомнежи за криминал и злоупотреби кои секојдневно ги презентираме пред јавноста?

Дали Талевски со неговиот настап за реформи во судството и обвинителството побара затвор за неговите кадри функционери и градоначалникот Илија Јованоски, кој во повеќе наврати е фатен во милионски сомнежи за сторен криминал?

Му порачуваме дека нивното време заврши. Дојдовте со лаги и со лаги ќе си заминете, а одговорност за се’ што правевте и правите со сигурност ќе има!

После 15-ти јули секој што се огрешил пред законот ќе одговара!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.